Пожарот што вчера околу 17 часот избувна во месноста „Гавранов камен“ над селото Лескоец, охридско, е ставен под контрола, информираше денеска Славчо Голабоски, директор на ЈП Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид.
Веднаш на терен излегоа екипи на нашето јавно претпријатие. Упатувам благодарност до месното население од Велгошти и Лескоец, кое многу ни помогна. Наши екипи од утрово повторно се на терен, пожарот е целосно изгаснат и ставен под контрола. – истакна Голабоски.
Во пожарот изгореa околу 7 хектари ниска вегетација и шума, во која нема голема штета, рече Голабоски. Најверојатно, причина за пожарот е човечки фактор.
Апел до граѓаните да бидат внимателни и да ги чуваме шумите, бидејќи тие се наше заедничко богатство. – додаде Голабоски.
OhridNews