Манчестер Јунајтед полесно од очекувањата славеше на гостувањето кај Њукалс со 3-0. Со овој триумф “црвените ѓаволи“ го задржаа чекорот со водечкиот на табелата тимот на Челси.


Творци на победата за Јунајтед беа дефанзивците Еванс и Евра кои ја погодија мрежата уште во првите 15 минути од мечот. Триумфот на Манчестер Јунајтед го запечати фудбалерот за врска Том Клеверли со маестрален погодок во вториот дел.

Ливерпул продолжува со мизерните игри сезонава. “Црвените“ на домашен терен ремизираа со Стоук играјќи без голови 0-0 додека Тотенхем со 2-0 славеше над Астон Вила.

Резултати : Саумптетон – Фулам 2-2, Њукасл – Мен Ју 0-3, Ливерпул – Стоук 0-0, Тотенхем – Астон Вила 2-0.

Мх.П.