Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 104 лица (Охрид-39, Струга-45, Кичево-20). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 61 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 20 лица (Охрид-11, Струга-5, Кичево-1, Дебар-3). Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 138 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-42, Струга-38, Кичево-46, Дебар-12).

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници, издале 151 прекршочен налог на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-62, Струга-43, Кичево-38, Дебар-08), информира СВР Охрид.

OhridNews