Во издание на ИПО „У Никитиних ворот“ во Москва излезе од печат избор поезија од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски,насловена  „Мојата длабочина“ во превод и препев на Максим Замшев и Олга Панкина.

Оваа е втора книга поезија од  Славе Ѓорѓо Димоски преведена на руски јазик. Претходната „Мајчин јазик“, во превод на Олга Панкина беше објавена во 1996 година, во издание на издавачката куќа „Лермонтов“ од Москва.

Досега на странски јазици се преведени единаесет книги од Димоски, а поединечни песни и поетски циклуси се преведени на триесетина јазици.

OhridNews