Пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19 се уште не ја губи силата. Бројот на заболени и натаму расте и се доближува до 7 милиони, околу 3,4 милиони оздравеле, а над 400 илјади починале.

Состојбата со Ковид 19 во светот 06.06.2020/Извор „Ворлдметар“

Во светот и натаму има силни жаришта со илјадници новозаразени и починати секој ден. Според податоците на „Ворлдметар“ кои постојани се ажурираат, на врвот на листата се уште се САД со близу 2 милиони случаи и 11.961 починат, следи Бразил кој со речиси 700 илјади случаи и 35.443 смртни случаи ја надмина Италија, додека Велика Британија која има значително помал број случаи – 284.868 има 40.465 починати од Ковид 19.

САД и Бразил на врвот на листата по бројот на случаи со Ковид 19

Светската здравствена организација апелира на почитување на мерките за заштита и зголемена внимателност, предупредувајќи дека засега нема индиции оти вирусот брзо ќе исчезне, a лек или вакцина нема на повидок.

OhridNews