Без победник 1-1 (0-0) заврши првата полуфинална пресметка помеѓу екипите на Милан и Јувентус на стадионот „Сан Сиро“ во Купот на Италија.

После релативно мирните 45 минути страстите се разгорија во вторите кои доста содржајни. „Росонерите“ во 61-та минута преку Анте Ребиќ поведоа со 1-0. Хрватот беше на вистинско место после нафрлувањето на Кастиљехо и ја со волеј удар ја погоди мрежата на Јувентус.

Составот на Милан после водечкиот погодок се ориентираше на играта во одбрана. Голем пех за домаќините беше црвениот картон на Тео Хернандез. Дефанзивниот фудбалер остро стартуваше над Пабло Дибала и доби втор жолт, автоматски црвен картон.

Бројчаната предност, „старата дама“ ја искористи дури во финишот за изедначувањечки погодок и реми на „Сан Сиро“. Најдобриот фудбалер во Јувентус, Кристијано Роналдо прецизен беше од пенал, откако арбитарот го досуди после прегледување на снимката на ВАР технологијата.

Одлуката за патникот во финалето во Купот на Италија ќе падне за месец дена во Торино.

OhridNews