Македонскиот преставник во Лигата Европа, Работнички со 3-0 ја совлада Транс Нарва во реваншот и со севкупни 7-1 се пласираше во втората квалификациска рунда.


До победата и во вториот меч избраниците на Горан Петрески стигнаа со головите на Петровиќ во 45 минута, Маневски во 81 и Петковски во 90 минута.

Во втората рунда “романтичарите“ ќе играат со Јувенус од Сан Марино. Првиот натпревар се игра на 14 јули во Сан Марино, додека реваншот е за седум дена во Скопје.


Ренова не успеа да ја мине првата пречка, откако со 3-2 беше елиминирана од Гленторан по изведувањето на пеналите. Натпреварот во регуларните 90 минути заврши со идентични 2-1 како во Скопје. Пенал рулетот беше несреќен за гипсарите. Симовски и Нухии погодија од белата точка, додека Статовци, стрелецот на голот Исмаили и младиот Гафури не ја погодија целта.

М.П.