Екипата на Ликвид триумфираше на традициоалниот турнир во Баскет 3х3 кој Јавното претпријатие Билјанини Извори со поддршка на Општина Охрид го организираше по повод 7-ми ноември денот на ослободување на Охрид.

Тимот на Ликвид во големото финале го совлада составот на Алпојо со 15-13. Во полуфиналето, Ликвид славеше против Ноа со резултат 15-11 а Алпојо беше подобар од Денто Медика со 15-10. Ликвид за победата на турнирот во Баскет 3х3 доби 15 000 денари, второпласираниот Алпојо доби 7 000 денари а третопласираниот 4 000 денари.

Во пресрет на финалето се одржа натпревар во шутирање на тројки. Најдобар беше Драгослав Лихванцев-Гаго кој постигна 14 тројки за една минута.

ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите екипи кои учествуваат на турнирот, на сите поддржувачи и пријатели на турнирот.

OhridNews