Според обложувачницата „Вилијам Хил“, за триумф на „црвено-жолтите“ на ЕП што ќе се игра во Литванија годинава се дава коефициент 200, што значи за едно вложено евро, ако македонскиот тим стане европски кошаркарски првак, добивката ќе биде 200 евра.

Македонија во првата рунда во градот Алитус ќе игра во група заедно со Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и еден квалификант кој ќе биде познат по дополнителните бараж дуели во кои ќе разигруваат Португалија, Украина и Унгарија. Во следната рунда ќе одат најдобрите три.

Од нашата група, најголеми шанси им се даваат на Грците за кои коефициентот дека ќе станат европски шампиони е 10. За Хрватите е 40, за Црна Гора е 50. За Македонците и Босанците коефициентот е 200, а кај квалификантите е 500.


Фаворит број 1 за европската титула е бранителот Шпанија со 7/4 (за 4 вложени евра, се добиваат 7). Следува домашната Литванија со 7/2, па Србија со 4. На Грција и Турција има се дава по 10/1.

Квалификантите се најголеми аутсајдери и за нив шансите се 500 спрема 1.

Ohridnews