Македонската фудбалска репрезентација попладнево на гостински терен против Фарски острови ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации во која влегува со амбиција да заврши првопласирана во својата група Ц4 што догодина ќе ѝ донесе пласман во поквалитетната Б Лига, а воедно и место во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

За денешниот натпревар, како и дуелот против Ерменија во вторник во Скопје, поради повреди не се во комбинација напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски, а селекторот Благоја Милевски дополнително го повика дебитантот Милан Илиевски од репрезентацијата до 21 година.
Селекторот Милевски и капитенот Енис Барди на вчерашната официјална прес-конференција во Торшавн порачаа дека атмосферата во репрезентативниот табор е одлична, нагласувајќи дека целта е со победа да стартуваат во Лигата на нации.
OhridNews
фото. МИА/ФФМ










