Еден руски војник убил осум колеги и ранил двајца во воена база во Сибир. Светските агенции повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија, пренесуваат дека војник отворил оган кон колегите за време на стража, а причина за инцидентот најверојатно е доживеан нервен слом.

Напаѓачот е уапсен, а случајот го истражува посебна државна комисија.

OhridNews