Покрај патот за Рамне, на првата голема кривина од каде се пружа прекрасен поглед на Охрид, расфрлан е медицински отпад, алармираат љубители на природата.

Се работи за опасен отпад, на кој местото не му е во природата, велат револтирано охриѓани. Тие бараат надлежните да реагираат и најитно да го отстранат несоодветно „одложениот“ медицински отпад, но и да спроведат истрага и да го пронајдат и санкционираат сторителот.

OhridNews