Меси мораше да одговара на различни прашања, а меѓу другото и за Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо.
„Мурињо е одличен тренер што многу добро си ја работи работата. Кристијано е пак, голем фудбалер“, рече кратко не многу зборлестиот Меси.
Како најсилен адут на Барселона Меси го смета заедништвото. „Лидер на Барселона сме сите ние како тим. Играме како еден и не ни е гајле за индивидуалната статистика“, вели Меси.
Што се однесува околу евентуалното доаѓање на Нејмар, Аргентинецот без посебно мислење.
„Тоа е работа на клубот. Ако тие сметаат дека е потребен, тогаш е добредојден“.
Иако многумина се сомневаа во Тито Виланова откако Пеп Гвардиола го напушти тренерското место, поранешниот помошен тренер одработува одлична работа како прв човек на каталонскиот тим.
Ohridnews