Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, е прогласен за најдобар играч за 2023 година во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Аргентинецот ги победи финалистите за наградата – напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и членот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Меси по трет пат во кариерата ја освои наградата „Најдобар“. Претходно победи во 2019 и 2022 година. Кристијано Роналдо (2016 и 2017) и Роберт Левандовски (2020 и 2021) по два ја освојуваа оваа награда.
Од минатото лето 36-годишниот Аргентинец настапува за Интер Мајами во МЛС. Минатата сезона Меси одигра 14 натпревари за тимот, постигна 11 голови и направи пет асистенции.
Со Аргентина, Меси стана светски шампион на 18 декември 2022 година. Во финалето на турнирот во Катар, Аргентинците ја победија репрезентацијата на Франција (3:3, 4:2 по пенали). Меси беше прогласен за најдобар играч на турнирот. На Светското првенство 2022 година, тој постигна седум гола.
OhridNews










