Претседателоот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва на Фејсбук напиша дека нема ништо инкриминирачко во објавените снимки на YouTube во кои се слуша разговор помеѓу него и лицето Зоран Милески викан Кически, сега обвинет во случајот „Рекет“.

Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,,А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.  – напиша Мицкоски

Во статусот Мицкоски уште пишува дека е убеден сум оти ако имало барем една темна дамка во неговото минато, денес ќе бил на друго место. Според него овој случај е потврда дека неговиот политички опонент Заев е исплашен од изборен пораз.

Претходно, претпладнето, прес конференција одржа членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Кирил Пецаков, кој побара МВР и Обвинителството да спроведат темелна истрага за последните локални избори во Охрид, Како што истакнаПецаков, барањето произлегува од претходно изнесени информации од страна на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, според кого имало нерегуларности при локалните избори во Охрид.

Во дел од сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели цитирам: „Заев со Кически зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кически имаше своја паравојска“, затворен цитат. Од ова тврдење на Заев може да се заклучи дека Костантин Георгиески победил на наместени избори, зад кои стоел токму Заев со помошта на паравојската на осудениот за „Рекет“, Зоки Кически кој пак во меѓувреме беше ослободен од домашен притвор. Во прилог е и тоа што средбата помеѓу Бојан и Заев е на 3 април, на самиот старт од официјалниот почеток на изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, кои се одржаа на 21 април“. –  рече Пецаков.

Но, според владејачката СДСМ, објавените аудио снимки од разговор помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ и спомнатото лице Зоран Милески – Кически, ги демантираат ваквите наводи и потврдуваат дека обвинетото лице во случајот „Рекет“ всушност работело за Христијан Мицксоки и опозициската партија на минатогодишните избори во Охрид.

 

OhridNews

Николовски: Вистината излезе на виделина, Кически работел за Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за изборите во Охрид 

Пецаков: Да се спроведе темелна истрага за локалните избори во Охрид