Екипата на Милан остварил контакт со Златан Ибрахимовиќ во обид да го привлече назад на Сан Сиро. Шведскиот ас моментално е без клуб откако не го продолжи договорот со тимот на ЛА Галакси.

„Газета“ пренесува дека италијанскиот клуб на фудбалерот му понудил договор од 18 месеци со примања од шест милиони евра.

Крајниот збор го има Ибрахимовиќ. Но во медиумите се појавија информација дека сопругата го притиска Златан да се врати во Милано. Ибрахимовиќ исто така најави дека може да ја засили Болоња поради Синиша Михајловиќ, кој и покрај здраствените проблеми кои ги имаше не го остави клубот.

Зимскиот преоден рок ќе даде одоговор на дилемите околу иднината на Ибрахимовиќ.

OhridNews