Македонската ракометна репрезентација ги заврши обврските за оваа година. „Црвено жолтите“ од селекторот Раул Гонзалес добија три денови слободни и подготовките за Мундијалот ќе ги продолжат на 2 јануари.

Во пресрет на мини паузата шпанскиот стручњак на клупата од Македонија го скрати списокот за дополнителни двајца ракометари. Од селекцијата отпаднаа ракометарот на Металург Томислав Јагуруноски и членот на Пролет Ласко Андоноски.

Македонија подготовките ќе ги продолжи на 2 јануари, а Раул Гонзалес на располагање ќе има 20 ракометари. На 4 и 5 јануари нашата селекција ќе одигра два контролни мечеви со Србија.

Мундијалот во Германија и Данска започнува на 10 јануари, а Македонија во групата се ноаѓа Бахреин, Јапонија, Шпанија, Исланд и Хрватска.

OhridNews