Најдобриот кикбоксер во историјата на Хрватска и еден од најголемите борци во европскиот кик бокс Мирко „Кро коп“ Филиповиќ објави крај на професионалната кариера.
„Кро коп“ како причина за ненадејното повлекување го наведе здравјето кое се повеќе му е нарушено поради напорните тренинзи и борби.
– Драги пријатели, за жал морам да се откажам од борбата во Сеул. Веќе на почетокот на подготовките ме боли рамото при подигање на раката. Се обидов на сите можни начини, со секојдневно терапии и инјекции од крвна плазма, разни коктели од лекови… Единствениот лек ќе биде пауза од две до три недели, што не можам да си го дозволам среде последните подготовки. Со тренинзите повредата само се влоши. Пукна дел од мускулот, рамото има многу течност и постои голема опасност тетивата да се скине, а потоа повторно би морал на операција. Тоа не ми треба, особено на оваа возраст. Летото го поминав патувајќи во Минхен на терапии со еден од најпознатитр доктори за хронично воспаление на тетивите кои ме болат ужасно кога седам, а десното колено 4 пати го оперирав. Сега и рамото, грбот… Секогаш кога одам на магнетне резонанца, што и да се снима, извештајот почнува со ‘дегенеративни промени’, но тоа е цената што мора да се плати. Луѓето, се разбира, ја гледаат само од едната страна на медалот – материјалното, а за страста, болката, солзите и крвта никој не прашува и не се грижи. Но, тоа е така во животот.“
„Сега е два часот наутро, а јас не можам да заспијам, замислен, целата кариера ми е пред очите. Јас сум свесен дека сум дошол до крајот на својот боречки стаж. Но не сакам да тренирам со болки. Моето тело е истрошено со безброј тренинзи, девет операции, телото стана склоно кон повреди. По секој тренинг ставав мраз на коленото кое поради операциите беше полно со течност, примав терапија двапати неделно. Следниот борбата ќе беше 80-та, мислам дека е многу. Особено во оваа конкуренција – K-1, прајд, ИГФ, УФЦ. Најголем проблем ќе биде адаптација на мојот “цивилен” живот. Ќе нема два тренинга дневно и вечното патување низ светот, што нема да ми падне толку тешко. Ќе тренирам додека сим жив, тоа е мојот живот, но не со ова темпо… Порано или подоцна ќе дојде време кога човек мора да мисли на здравјето. Имав навистина долга и богата кариера, верувам дека оставив длабок белег во боречки вештини, а за кои јас не се каам. Голема благодарност на сите што ме следеа и ме поддржуваа, ми останаа убави сеќавања и спомени. Поздрав!“
Тој во својата богата кариера има 79-ет борби, а во Сеул против Ентони Хамилтон требаше по 80-ти пат да влезе во рингот, нажалост не се случи тоа, но тој веќе обезбеди место меѓу легендите.
Ohridnews











