Актуелниот светски шампион Франција со погодокот на Тимоти Нгасен освои бод во супер дербито со Германија но го изгуби капитенот Седрик Сораиндо кој го повреди листот на почетокот од натпреварот.

Прогнозите воопшто не се позитивни за искусниот пивотмен кој ќе мора да оди на дополнителни прегледи за конечна одлука.

Повредата на Сораиндо ја отвората врата за француската ракомента икона Никола Карабатиќ. Најдобриот ракометар во француската историја пред недела дена изјави дека подготвен е да помогне, а дали селекторот на „триколорите“ Диние Динар ќе го приклучи останува да видиме.

Французите по четири одиграни мечеви во групата А обезбедија пласман во втората фаза, а во последното петто коло ќе се сретнат со Русија.

OhridNews