Бугарската агенција за безбедност на храната соопшти денеска дека во јужна Бугарија, во областа Пловдив се појавил вирусот птичји грип H5N8. Сите 5.830 патки на фармата ќе бидат усмртени. Ova е прв случај на овој вирус во Бугарија во последните 10 години.

Околу фармата е поставено заштитно подрачје од три километри, а во него е забрането движење на домашните, дивите и други птици, како и продажба на јајца и живина.

OhridNews

Макфакс