Во втората епизода на „Обични Херои“ ја портретираме улогата на Анета Вршкоска-Јованоска или попозната кај најмладите генерации како Тетка Анета Кловнета.
Анета Вршкоска-Јованоска пред точно 20 години го создаде највеселиот кловн во Охрид и пошироко со што стана најпрепознатливиот херој на детските роденденски забави.

Овој кловн-херој кој има подарено милиони детски насмевки заслужува свое место во обичните херои на Охрид и со својата енергија шири позитива на најважниот ден на секое дете, прави да се чувствуваат бестрашно, безгрижно и бескрајно среќни што има влијание во нивното секојдневие и нивното растење.
Погледнете ја втората епизода со Анета Вршкоска-Јованоска, запознајте се со нејзината приказна која заслужува особена почит за мисијата која ја шири веќе 20 години.
OhridNews












