Кошаркарите на Далас ја прекинаа победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс триумфирајќи во „Степлс центарот“ со 114-100 во еден од најинтересните натпревари кои се одиграа синоќа во НБА лигата.

До гостинска победа во Лос Анџелес, „телињата“ стигнаа со фантастичната серија 22-5 на стартот од второто полувреме. Во поентерската серија најмногу се истакна Лука Дончиќ, кој 21 од своите 27 поени постигна во третиот и четвртиот квартал. Словенцот на поентерскиот исход додаде 10 скокови и 9 асистенции. Кај „лејкерси“, Леброн Џејмс со 25 кошеви беше најпрецизен.

„Езерџиите“ и покрај поразот после десетте победи со скор 17-3 остануваат на водечката позиција на табелата во западната конференција, додека Далас со скор 13-6 е четвртопласиран.

OhridNews