Водечката екипа во француската Прва лига, Пари Сент Жермен предводен од триото Нејмар, Мбапе и Кавани без милосно го совлада Гингамп победувајќи го со високи 9-0. Мбапе и Кавани постигнаа по три голови, а Нејмар застана на два погодоци. Деветтиот беше дело на Томас Муниер. „Светците“ со убедливиот триумф го подобрија рекордот за највисока победа на домашен терен во францускиот фудбал.

OhridNews