Вечерва започнува одбележувањето на 121 година од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ.
Според програмата на Општина Охрид со почеток во 20:30 часот во село Велгошти ќе се одржи „Ноќ спроти Илинден“, каде обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Предвидено е полагање цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците, како и културно – уметничка програма во рамки на која предвиден е настап на учениците од ООУ „Живко Чинго од Велгошти“, танцов перформанс на МКЦ „Соната“, како и настап на познатата македонска виолинистка Сања Зјделар.
Утре ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденци и тоа од 10 часот во градскиот парк, од 10:20 часот кај Прентов мост и од 10:30 часот во селото Плаќе, каде ќе биде одржан и историски час, а предвидена е и културно-уметничка програма.
Несреќата се случила вчера во 11:00 часот на регионалниот пат Охрид-СвНаум во која учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишен жител на Скопје и м...
Во рамките на 5 коло од Првата македонска фудбалска лига (жени), на стадионот во Струга, екипата на Пелистер Про 2026 забележа минимална победа од 1:0 против АС Јунајтед Единствениот гол на натпрев...
Охридските социјалдемократи реагираат на состојбите во образованието во дел од училиштата во Охрид каде, како што посочуваат, трета недела образовниот процес тече отежнато и во импровизирани услови...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.