Инфраструктурата, постоечката фонтана и урбаната опрема на на плоштадот „Чинар“ не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање, потенцира на денешната прес конференција Филип Јовановски од ВМРО Народна Партија, презентирајќи дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.

  • Изготвено е Идејно решение и во завршна фаза е Проектот за реконструкција на плоштадот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка на охриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да се организираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона, појасни Јовановски.

Додаде дека со реконструкцијата се предвидуваат нови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и ќе биде една нова понуда која во текот  на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители. Потенцира дека целта е јавните површини во Охрид да добијат современ лик достоен за еден туристички и културен центар.

OhridNews