Општата болница во Охрид денеска доби значајна донација од фирмите Мастербет-Скопје и Астра клуб, чие седиште е во Австрија.

Донацијата се состои од 10 нови кревети за интензивно лекување и поголема количина средства за дезинфекција.

Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение  кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недоказани пациенти од различна патологија кои се поврзани со Ковид 19. – изјави за OhridNews Др. Горан Балевски, директор на болницата.

Ведноста на двете донации е околу 40.000 евра.

Г. М.