Барот со уникатен поглед на градот, на покривот во комплексот „Sky Corner“, од денеска повторни е отворен за посетителите. Амбиентот во барот е адаптиран на актуелната состојба, согласно Протоколот за работа во вонредни услови.

По повеќе од два месеца пауза заради пандемијата од коронавирус Ковид 19, деновиве беше отворено и омиленото бистро на охриѓани „Корнер“.

Бистро „Корнер“ исто така го адаптираше просторот согласно протоколите на здравствените власти, така што пиењето кафе, омилениот пијалак, или можеби смуди, мезе, сендвич или друг специјалитет од препознатливото мени, е согласно највисоките безбедносни норми и правила. За тие, пак, што брзаат, или пак едноставно немаат време, и натаму е достапна услугата „To go!“.

OhridNews