Во организација на АФМ (Атлетска Федерација на Македонија) Охрид изминатиот викенд ,беше домаќин на Семинарот за атлетски судии. Околу 70 учесници, поголем број активни и поранешни атлетичари учествуваа на семинарот кој го отвори претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Цветко Грозданов.
Предавач на семинарот беше претседателот на судиската организација во Бугарската атлетска федерација, проф. Д-р Апостол Славчев кој ги запозна новопечените судии со aктуелните проблеми на правилата и судењето.
Покрај разговорот на актуелните теми, цел на гостувањето на проф. Д-р Апостол Славчев пренесувањето на искуствата на бугарската судиска организација.
– Овај семинар е и во правец на следење на трендовите на атлетските случувања. изјави проф. Д-р Апостол Славчев. Идејата е да се воспостават подобри контакти, како и олеснување на македонските колеги за што подобро организарање на натпревари. Пријатно сум изненаден од интересот кој го пројавија колегите.
Ваквиот принцип на работа ќе биде и понтамошна пракса во активностите на АФМ, а преседателот на федерацијата Цветко Грозданов најави и реализација на нови проекти.
– По организацијата на овај семинар, цел на новото раководство во Федерацијата ќе биде организирaње на семинар за атлетски тренери. Инвестирањето како во инфраструктурата (атлетски стази, терени) така и човечките ресури е примарна цел. Еден од идејни проекти е комплетно реконструирање на атлетската патека на “Билјани Извори“ – вели Грозданов.
Далеку е се уште “кралицата на спортовите“ во нашата држава од своето реноме, но од федерацијата најавуваат макотрпна работа за да се врати атлетиката онаму каде и е местото.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од...
Со Вардар не очекуваме еден јак машки натпревар Ние ќе се подготвиме што подобро да одиграме и да го дадеме максимумот, колку можеме да одиграме да дадеме 100 проценти од себе, да се потрудиме трит...
Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ објавија крај на соработката Тие работеа заедно шест години Добро се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да стане дел од мојот тим Беше во 2018 година Работат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.