Португалецот Жозе Мурињо и официјално е нов тренер на калчошампионот Интер.

Мурињо кој потпиша тригодишен договор вреден 27 млн евра, доаѓа на местото на Роберто Манчини кој во последните три години го освојуваше скудетото со Интер.

Мурињо светот го забележа по двојниот триумф со Порто во Уефа купот и Лигата на Шампиони. По успехот со Порто , Жозе Мурињо замина во Челзи каде два пати по ред ја освојуваше Премиер лигата(2005 и 2006 ). Несупехот со Челси во Лигата на Шампиони значеше крај на “специјалниот“ во Лондон.

На неро-азурната клупа на Мурињо ќе му помагаат  Руј Фариас, Силвињо, Андреј Боас и Џузепе Барези. Презентацијата на Мурињо ќе биде на утрешната прес-конференција во 11.30 .

ohridnews