По одиграната прва рунда познати се патниците во втората рунда од мечевите во општинскиот фудбалски куп. Екипите на Рудар и Борец успеаа како гости да изборат пласман понатаму.

Резултати :

Вулкан Рудар 2-2 (2-4 на пенали)
Сатеска  Лешани 6-3
Воска  Борец 0-5
Славеј   Ботун 5-1

Во наредната рунда, на победниците ќе им се приклучат третолигашот Лескоец и второлигашот Охрид.

Викедов во натпревар од редовното трето коло од есенскиот дел во југозападниот регион Лескоец на домашен терен ја совлада екипата на Кравари со 3-0.