Голема недоверба во институциите на системот имаат охриѓани, покажа анкетата што за свои потреби ја спроведе Охридњуз во периодот од 4 до  31 декември. Огромно мнозинство, или 92% од учесниците, на прашањето :„Дали им верувате на институциите на системот“ одговориле негативно, а само 8 проценти се изјасниле дека им веруваат.

Охриѓани со недоверба во институциите влегуваат во 2024 година

Резултатите од анкетата на Охридњуз, се одраз на општата ситуација во општеството, а една од најнегативните последици е иселувањето не само на млади мозоци, туку и на цели семејства, тренд кој освен со миграциските процеси присутни на глобално ниво, кај нас се поврзува со актуелните состојби во земјата, функционалноста на системот, условите и перспективите за живот.

Следно анкетно прашање:
Концептуано одбележување на Водици со креативна понуда, кумство и поголема промоција ќе донесе повеќе гости во Охрид?

Г.М.