Одлична престава на АМАК СП кој предводен од В.Стојаноски (31 п) стигна до втор триумф на свој паркет против Фени израмнувајќи на 2-2 во меѓусебните пресметки.

Брзо се разбудија охриѓани по летаргичниот меч против МЗТ, па првиот што дојде наплатија. Први дојдоа кавадарчани, па тие го платија цехот.


Им се оддолжија со добра игра

Тврдо се играше во  првото полувреме во кое во главна улога беа американците О Нил на едната односно Кол на другата страна. По една четвртина им припадна на двете екипи, а со поените на Кол “портокаловите“ стигнаа до водство 30-28 на полувремето.

Третиот период донесе далеку повозбудлив меч, а гостите со тројките на Прековиќ по 4 мин игра стигнаа до најубедливата предност 35-45. Но само што стигнаа на +10, го загубија поради повреда Самарџиев со што натпреварот доби друг тек.


По повредата само гледач – Самарџиев

Како по правило играта во одбраната ја “размрда“ Неделков, а кошот на гостите почана да го полни Стојаноски. Предводени од овај тандем охриѓани прават серија 19-6 и во последниот период влегуваат со предност 54-51.

Резултатската неизвесснот во финишот, внесе дополнителна нервоза па мечот поради пет лични пред време го заврши речи си комплетнта постава (Ѓуров, Гоцевски, Прековиќ и Михајловски) кај Фени и Тасески кај АМАК . Се позционираа “езерџиите“ на плус шест и во пенал завршницата Стојаноски како на тренинг реализираше 12 слободни фрлања во серија недозволувајќи им на гостите да фатат приклучок.


Никако да се израдуваат во Охрид – “Лозари“

Ова е голема победа за нас. Падна освојувачот на купот по втор пат сезонава. Не им дозволивме да се одлепат, го издржавме темпото и концентрацијата во финишот не донесе до овај голем триумф – рече Игор Гацов

На редовната прес конференција пред новинарите на крајот на мечот не се појави тренерот  на гостите, Емил Рајковиќ .

АМАК СП – Фени Инд 82-75 (19-15, 9-15, 26-21, 28-24)

АМАК СП:Ѓорѓски ,Тасевски 2 ,Стојанов , Фрај  20 ,Тејлор 7, Вегов 2,Наумоски, Стефаноски,  Стојановски 31, Неделков 7, Николоски , О` Нил 13. 

Фени Инд : Ангелов , Прековиќ  12 ,Баснарков ,Браун 4, Кол 25, Радуловиќ, Поповиќ  18, Гоцевски 7 , Ѓуров  1 , Крстев, Михајловски 5 , Самарџиев  3 

[email protected]