Навивачи од цела Европа допатуваа во Виена да ја бодрат македонската ракометна репрезентацијата на мечот против Чешка. Охриѓани, битолчани, скопјани, како и нашинци кои живеат во Австрија и другите околни земји го запреа сообраќајот во Виена.

“Македонската фаланга” обединета како никогаш досега продефилира од фан зоната до салата и уште еднаш го разбуди градот кој “тонеше” во неделното попладне. Реката навивачи се сплоти пред влезот во „Штадхале” каде ечеа познатите рефрени „Излези момче”, „Едно име имаме” и „Ја излези Ѓурго”.

Френетичните македонските навивачи ја одбележуваат првата фаза од натпреварите во Виена. Наредната средба е закажана за вторник кога Македонија ќе му се спротистави на домаќинот Австрија.

М.П./Мх.П.

Видео+фото: Македонската фаланга хит во Виена, во црвено жолтата армија и Рибари

ЕП: Едно полувреме недоволно за победа, Македонија на раб од бездната