По повеќе од две децении, во организација на охриѓани кои живеат во Белград, Република Србија, ќе се одржи „Охридска вечер“.

Организатор на манифестацијата е Владо Велјановски со група пријатели, вљубеници во Охрид.

На „Охридската вечер“ ќе се служи традиционална македонска храна и пијалаци, а за атмосферата ќе се погрижи подмладокот на Ансамбл „Билјана“ од Охрид, кој ја продолжува традицијата на своите претходници.

OhridNews