Во екот на кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, Др. Игор Балевски, признат кардиолог од Охрид, кој долги години успешно гради кариера во Словенија, ја стави на пауза неговата работа на Универзитетската клиника во Марибор во одделот за интензивна нега и волонтерски се стави на располагање на Инфективната клиника во Скопје.

Од денеска на Инфективната клиника како поддршка на нaшиот тим доброволно работи Др. Игор Балевски, еминентен кардиолог, кој што долго време живее во Марибор каде работи на Универзитетската клиника, со огромно искуство во третман на пациенти на интензивна нега. Тој е кардиолог, но сметавме дека неговото искуство ќе помогне при третманот на пациентите на нашата Клиника. Тој се понуди да дојде и две недели со отсуство од Словенија ќе волонтира и ќе работи со нашите колеги. Денеска за прв пат присуствуваше на Инфективната клиника и сaкам да му изразам голема благодарност и верувам дека неговиот придонес ќе биде од големо значење како за пациентите, така и за персоналот на Инфективната клиника. – изјави попладнево на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Др. Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија и едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

OhridNews

Охриѓанецот Др. Игор Балевски успешно изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор

Признание за врврни достигнувања во професијата за Др.Игор Балевски