Повеќе од два месеца угиоститеските објекти во најголемиот туристички центар во земјата се под клуч. Последиците се сериозни, загубите исто така. Но, охридските угостители се оптимисти дека доаѓаат подобри времиња. Велат, само да почнеме со работа. А, за тоа се чека препорака од Комисијата за заразни болести и одлука на владата.

Во меѓувреме угостителите реновираат, преуредуваат, мерат растојание помеѓу маси и столови, воведуваат креативни решенија и нови услуги. За рестарт се подготвува и Бистро „Корнер“ каде од денеска достапна е услугата „To go!“. Најпопуларниот угоститески објект на најпознатиот агол во градот воведе шалтер услуга за кафе, свежи сокови, топли и друг вид освежителни и други напитоци за носење. Сето тоа како загревање за повторниот почеток со работа, кој се очекува наскоро. До тогаш освежете се на минување! – oптимистички порачуваат од Бистро „Корнер“.

OhridNews