По повод одбележувањето на 13 ноември, денот на ослободувањето на Град Скопје, во центарот на градот се одржа ноќна улична атлетска трка“13-Ноември”.  Се одржаа две трки, на 1200 метри и 3600 метри, на кои учествуваа 110 натпреварувачи од цела Македонија.

Во трката на 1200 метри учествуваше и охриѓанецот Огнен Павловски кој заврши како третопласниран со три секунди заостанување зад победникот Кристијан Ефремов.

Во трката на 3600 метри победи Ѓорѓи Трендафилов, додека во женска конкуренција на 1200 метри победи Александра Митреска, а на 3600 метри Христина Ристеска.

Покровител на трката беше градот Скопје, а
организатори  сојуз на спортови на Скопје и Атлетскиот Клуб
“Работнички”.