Патничко возило „Ауди“ со струшки регистерски ознаки ноќеска било опожарени во Струга, соопшти денека СВР Охрид.

На 3 септември во 01 часот и 15 минути во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Туристичка“ во Струга било опожарено паркирано патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема, стои во соопштението на СВР Охрид.
На местото бил извршен увид.
СДСМ во соопштение информира дека запаленото возило е на началникот на Струшката полиција.
OhridNews











