Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 16-ти до 22-ри јануари, покрај редовните проверки и теренски активности интервенирале на неколку локации во Охрид и околината.

Со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници отстранети беа дефекти во Велгошти и Пештани, како и на улиците „Железничка“, „Христо Узунов“, „Стив Наумов“ бр.37 и „Ѓорче Петров“, информираат од претпријатието.

OhridNews