Поранешниот репрезентативец и член на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ е прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за годината која изминува.

Антиќ во 2017 година со неговиот поранешен клуб Фенербахче успеа да го покори стариот континент триумфирајќи во Евролигата.

За најдобра женска кошаркарка прогласена е Јелена Антиќ, додека за најдобар клубови во машка и женска конкуренција се МЗТ Скопје односно Бадел 1862.

Свечената церомонија организирана од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) која ќе се одржи на 25 декември ќе им бидат доделени признанијата на најдобрите.

Сите добитници на награди за 2017 година:

Најдобар кошаркар: Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда)

Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак)

Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром

Најдобра женска екипа (сениорки): Бадел 1862

Најдобра машка екипа (младински): Вардар

Најдобра женска екипа (младински): Бадел 1862

Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862)

Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)

Тренер женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар)

Тренер машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри)

Млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички, Репрезентација до 18 години)

Млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, Репрезентација до 16 години)

Најдобар судија: Алија Феревски

OhridNews