Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

OhridNews