Илија Капетанија
Со оглед дека невремето беше подоцна вчера, штети не се пријавени. Ако евентуално пријават тоа ќе биде од понеделник. Не станува збор за незгода во вода за да пријават, туку елементарна непогода. Осигурителните компании не признаваат вакви штети, бидејќи не е незгода, туку сопствениците несоодветно ги имаат чувано пловилата. Кај пловилата кои беа во каналот нема штети.
Стефан СВР
До езерската полиција нема пријави за оштетени пловни објекти во Трпејца и Љубаништа по вчерашното невреме.












