По бранот гости изминатиот викенд дезинфекција на улици, јавни површини и станбени комплекси во Охрид
08.06.20 07:00
Изминатиот продолжен празничен викенд, за време на кој на сила беше и полициски час, на Охридското крајбрежје, по слободна проценка, престојуваа над 5000 гости од земјата. Во најголем дел тие беа сместени во сопствени станови и вили, а дел и покрај забраната која е на сила биле затекнати во регистрирани сместувачки капацитети, чии сопственици заработија кривични пријави од Пазарната инспекција.
По наредба на Кризниот штаб на Општина Охрид, по завршувањето на продолжениот викенд се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.
Исто така донесена е и одлука за зголемување на подготвеноста на капацитети на здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
Во периодот од 30 мај – 7 јуни во Општина Охрид дијагностицирани се 9 случаи на Ковид 19. Според податоците на Центарот за јавно здравје во Охрид има 2 пациенти на домашно лекување и 3 хоспитализирани.
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика Согла...
Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт вечерва во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 20:00 часот Ова година по пе...
На 06092026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06092026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата „СвНикола“ во охридското село...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.