На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга.

- СТРУГА (10:30 – 11:30 ч.): Старт од Општина Струга, по ул. „Владо Малески“ и ул. „Маршал Тито“ кон ГП Ќафасан.
- ОХРИД (15:15 – 16:30 ч.): Влез по бул. „Св. Наум Охридски“, низ бул. „Туристичка“ до бул. „Македонски Просветители“ и Градскиот плоштад.
- ОХРИД-СТРУГА (15:45 – 17:30 ч.): Излез од центарот на Охрид по ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, па преку Стариот пат (R1208) назад до Струга.
Упатуваат молба до граѓаните да ги ослободат паркинг местата на улицата пред Општина Струга, Градската библиотека и главниот влез на НУЦК „Браќа Миладиновци“ најдоцна до 06:00 часот наутро во сабота (06.06). Посочуваат дека забраната за паркирање ќе трае до 19:00 часот.
Ве покануваме да им дадете поддршка на велосипедистите и да уживате во базарот, изложбата и детската програма која започнува во 12:00 часот во Паркот на поезијата, Струга, велат од Европска куќа од Струга.
OhridNews











