Трета победа во серија за Билјана 006 која во претпоследното 19 коло на домашен терен ја совладаа екипата на Куманово со 74:63.

Одлучувачка во победaта беше втората четвртина во која домашните кошаркарки направија предност од 20 поени и со таа разлика заминаа на одмор.

Гостинките на почетокот од третиот дел со четирите тројки на Костова ја намалија предноста но немаа сили за целосен пресврт.
Најзаслужни за победата се Балазоска, Н Кузеска кои заедно постигнаа 50 поени.

Со оваа победа охриѓанки се чекор поблиску до обезбедување пласман во разигрувањето и можност да влезат во трка за третото место во последното коло каде се среќаваат со В. Лисици.

Билјана 006 : И.Ангелоска6, Тилоска5, Горичан, Балазоска29, Булоска, Н.Кузеска21, Патчева, Стерјовска , Ј.Кузеска , Миладиновска11,Ж. Ангелоска 2.

Куманово: Бошковска1, Марковиќ, Ангеловска, Догазанска 13, Ѓорѓиевска, Венова 2, Костова 25, Маневска, Ангеловска, Поповска8, Доцевска14, Јовановска