Прославениот италијански композитор и диригент Енио Мориконе почина во 91 година од животот ноќеска во клиника во Рим како последица oд пад при кој го скршил колкот, јавија италијанските медиуми. Тој ќе биде погребан во кругот на семејството пренесува „Кориере дела сера“.

Светска слава Мориконе стекна пишувајќи музика за филм, театар и телевизија. Зад себе остани над 500 филсмки и телевизиски музички дела. Се смета за еден од навјлијателните композитори на филмска музика, познат по соработката на исто така легендарните режисери како што се Серџо Леоне, Брајан де Палма, Џузепе Торнаторе, Бари Ленвинстон, Џон Карпентер, Квентин Тарантино и други.

Негово дело е  музиката за Шпагети вестерн класиците „За грст долари“, „За долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на дивиот запад“, како и музиката за хорор класиката „Суштество“ на Џон Карпентер, „Беше еднаш во Америка“, „Недопирливите“ и други.

Во 2007 годино Енио Мориконе доби почесен Оскар, а во 2016 Оскар за музика за филмот на Квентин Тарантино „Омразените осумина“.

Музичката тема од филмот за филмот “The Good, the Bad and the Ugly” на Мориконе според истражувањето на „BBC“ е втора најомилена на сите времиња, веднаш зад филмската музика на научнофантастичната сага „Star Wars”.

Во 2009 година Енио Мориконе настапи на отворањето на 49-то издание на Фестивалот „Охридско лето“. Тој беше диригент на музичкиот спектакл „Беше еднаш во Македонија“, а тогашниот претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, во Охрид го одликуваше познатиот италијански композитор со “Орден за заслуги за Македонија“ поради исклучителни резултати во неговото музичко творештво.

Огромна и вечна ќе биде благодарноста за придонесот на големото композиторско име, оскаровецот Енио Мориконе во развојот и афирмацијата на оваа врвна светска културна манифестација. Искрено жалиме што заминува уште еден голем уметник, кој со неговите дела остави неизбришливи траги во историјата на Охридско лето. Како диригент со повеќе од двесте уметници, хорот на Македонската опера и балет и филхармонискиот оркестар „Гјор“ од Унгарија, неговиот неповторлив настап на свеченото отворање во 2009 год се врежа во меморијата на бројни љубители на уметноста кои и ден денес се присетуваат на двочасовната филмска приказна, во која имаше композиции од повеќе негови легендарни филмови. – велат од Фестивалот Охридско лето по повод смртта на композиторот и диригент Енио Мориконе.

Г.М.