Во 81 година од животот во неговиот дом во САД почина легендарниот кантри музичар Кени Роџерс. Тој починал опкружен од семејството, стои во соопштението по повод смртта на еден од најдобрите американски музички вокали.

Кени Роџерс доминираше на музичката сцена во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. Во шестдецениската успешна кариера зад себе остави планетарни хитови како Lady, Islands in the Stream, Lucille, She Believes In Me…

Поради ситуацијата со коронавирусот Кени Роџерс ќе биде погребан со мала приватна церемонија во присуство на најблиските.

OhridNews
фото: скриншот You tube