Познатиот хрватски музичар и композитор Рајќо Дујмиќ почина денеска, шест дена по тешката сообраќајна несреќа што се случи во местото Стара Лоза, Хрватска, јавува порталот „Индекс“. Тој сам управувал со возилото со кое на 29 јули попладнето излетал од коловозот. Лекарите  со денови се бореа за неговиот живот.

Дујмиќ беше лидер на бендот „Нови Фосили“, кој врвот на популарноста го имаше во времето на поранешна Југославија.

Рајко Дујмиќ е автор на најпознатите песни на „Нови Фосили“ меѓу кои „Шути мој дечаче плави“, „Ти си моја киша блага“, „Најдраже моје“, „Плава кошуља“, „Саша“, „Тонка“, „Кључ испод отирача“, „Милена“ и многу други.

OhridNews