По тешко боледување, во 65 година од животот почина Еди Ван Вален, еден од основачите на легендарниот рок бенд Ван Хален. Боледуваше од рак на грлото.

Веста за смртта на Ван Хален ја потврди неговиот син Волфганг.

Не можам да верувам дека го пишувам ова, но мојот татко Едвард Лудевик Ван Хален, утрово ја загуби долгата и макотрпна битка со ракот. Беше најдобриот татко кој можев да го замислам. Секој момент кој го поминавме заеднo на сцената и надвор од неа беше дар. Срцето ми е скршено и не мислам дека некогаш ќе се опоравам од оваа загуба. Те сакам татко. – напиша Волфганг.

Како што пренесуваат светските агенции, Еди со ракот на грлото се борел над 10 години. Последните две години поголемиот дел од времето го минал во болница. И покрај тоа продолжи да оди на коцерти и активно вежбал со својот син Волфганг кој од 2006 година стана басист на групата Ван Хален.

OhridNews
Фото: Википедиа