Во 67 година од животот, денеска во Охрид почина професорката по физичка култура, истакнат спортист и спортски работник Соња Думбалоска Делова.
Проф. Соња Думбалоска Делова најголемиот дел од својот живот лично и професионално го посвети на спорот. Таа долги години беше нераскинлив дел од охридското и македонското пливање. Беше истакнат спортски работник, пливачки тренер, пливачи судија, просветен работник и едукатор.
Професорката Соња Думбалоска Делова беше дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, за што во 2019 година и беше врачена престижната наградата „Климе Савин“. Добитник е на бројни признанија меѓу кои и наградата „Спортска легенда“ на град Охрид, што и ја врачи Општина Охрид оваа година.
Посмртните останки на проф. Соња Думбалоска Делова, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 13 јули, понеделник, од 12 до 12:30 часот.











